Сцинтиграфија
Секој ден се зголемува бројот на пациентите кои се среќаваат со поимот „сцинтиграфија“, дијагностичка метода која се изведува во одделите за нуклеарна медицина. Неретко овој поим кај пациентите предизвикува страв, бидејќи се поврзува со „нукеалната бомба“, која се памепти по лошо, посебно по последиците од озрачувањето. Други пак, погрешно го поврзуваат овој поим со радиотерапијата. Радиотерапијата е терапија со зрачење и таа се применува во лекувањето на малигните заболувања
Сцинтиграфијата е дијагностичка метода која се користи во нуклеарната медицина за снимање на дистрибуцијата на радиофармаколошкиот агенс во телото. Оваа дијагностичка метода се користи од 1960 година.
Начин на снимање
Радиофармаколошки агенси се препарати кои содржат соединенија или биолошки елементи обележени со радионуклеиди (атоми на хемиски елемент со нестабилно јадро, кои емитираат вишок на енергија од јадрото).
Овој преглед се изведува на тој начин што претходно на пациентот му се вбризгува радиофармаколошки агенс, најчесто во вена. По одредено време, кое е потребно за да се дистрибуира маркерот по целото тело, се започнува со снимањето. Снимањето се изведува со посебен уред кој ја регистрира просторната и временската расподелба на радиофармаколошкиот агенс во телото и на тој начин се добива слика на одреден орган или органски систем, каде радиофармаколошкиот агенс се депонирал.
Гама камера
Основен уред за изведување на сцинтиграфијата е гама камерата.
За да може да видиме како се однесува радиоизотопот во организмот, се користиме со сензитивни детектори на зрачење, апарати кои ги нарекуваме гама камера. Гама камерата е апарат кој, за разлика, на пример, од рендген апаратот, воопшто не зрачи. Гама камерата е, напротив, многу осетлив детектор на зрачењето, кој може да докаже и многу мала количина на радиоактивност во телото на пациентот. Со „сликањето“ со гама камерата, односно со докажувањето на гама зрачењето кое доаѓа од телото на пациентот, по инјектирањето на радиоизотопот во вена, добиваме сцинтиграм.
Сцинтиграм
Сцинтиграфската снимка, која се добива при сцинтиграфијата, се нарекува сцинтиграм. Сцинтиграмот е дводимензионален приказ на расподелбата на радиофармаколошкиот агенс во одреден дел на телото. Снимањето може да се прави во тенки пресеци (томографија), со чија реконструкција, со помош на дигитален сметач, може да се добие тродимензионален приказ на испитуваниот орган. Распределбата на радиоактивниот елемент во телото го покажува изгледот и функцијата на испитуваниот орган или органски систем.
Техники на сцинтиграфија
Според техниката на снимањето се разликува:
- статичка сцинтиграфија,
- динамичка сцинтиграфија.
Статичката сцинтиграфија се изведува со примена на радиофармаколошки агенси кои се врзуваат во органот кој се испитува. Снимањето се изведува по одредено време од аплицирањето на радиофармаколошкиот агенс. Ова време е потребно за да се акумулира (депонира) радиофармаколошкиот агенс во испитуваниот орган.
Планарната техника дава дводимензионален приказ на дистрибуцијата на радиофармаколошкиот агенс во целиот орган, па снимањето се изведува во поголем број на проекции (положби на телото). Со томографската техника се надминува проблемот на суперпонирањето (преклопување) и овозможува јасно визуелизирање на промените, направени на ниво на лезијата. Промените се гледаат на сцинтиграмите, направени на пресеците на испитуваниот орган.
Динамичната сцинтиграфија се изведува во една проекција. Таа се изведува со гама камера, која е поврзана со дигитален компјутер. Снимањето започнува истовремено со интравенската апликација на радиоизотопот и се изведува во тек на одреден временски период, кој одговара на физиолошкиот процес на испитуваниот орган или на органскиот систем. Вкупниот период на снимање се дели на временски интервали и за секој временски интервал се добива по еден сцинтиграм.
Зошто се користи сцинтиграфијата?
Со сцинтиграфијата може да се прегледаат скоро сите органи во човечкото тело и може да се процени нивниот изглед и функција. На тој начин може да се откријат многу патолошки состојби во: мозокот, штитната жлезда, белите дробови, срцето, црниот дроб, бубегот, коските, крвните садови и во многу други органи.
Сцинтиграфијата се применува за испитување на следниве системи:
Кардиоваскулаен систем
- перфузиона сцинтиграфија на миокардот (срцев мускул) – Оваа дијагностичка метода се применува кај болестите на срцевите артерии, при хипертрофија (задебелување) на sидот на миокардот, при проширеност (дилатација) на срцевите комори),
- сцинтиграфија на инфаркт на миокардот (срцев удар).
Респираторен систем
- перфузиона сцинтиграфија на белите дробови,
- вентилациона сцинтиграфија на белите дробови (при белодробна емболија, опструктивна болест на белите дробови, рак на дишните патишта, саркоидоза).
Ендокрин систем (жлезди со внатрешно лачење)
- сцинтиграфија на штитна жлезда (одредување на функционалниот статус на штитните јазли – нодуси, диференцијална дијагноза на вратните и медијастиналните маси, примарни и метастатски тумори на штитната жлезда, откривање на заостанато (резидуално) ткиво на штитната жлезда, по извршена тиреоидектомија – оперативно отстранување на штитната жлезда,
- сцинтиграфија на кората на штитната жлезда (при аденом и карцином на штитната жлезда),
- сцинтиграфија на медулата (сржта) на штитната жлезда (при тумор – феохромоцитом и метастази на штитната жлезда),
- сцинтиграфија на паратиреоидните жлезди (за дијагноза на аденом и за диференцијална дијагноза на вратните тумори).
Урогенитален систем
- динамична сцинтиграфија на бубрег (испитување на прокрвеноста – васкуларизацијата на бубегот, проценка на паренхимската функција на бубрегот, одредување на дренажата на мочката и пратење на функцијата на пресадениот бубег),
- перфузиона сцинтиграфија на бубегот (за испитување на васкуларните болести на бубрегот, за испитување на функцијата на пресадениот бубрег и за откривање на хируршките компликации на крвните садови на бубрегот),
- статичка сцинтиграфија на бубрегот (за откривање на аномалиите на бубрегот, трауматските повреди, инфарктот на бубегот и за рано откривање на паренхимските лезии- оштетувања на функционалното ткиво на бубрегот,
- сцинтиграфија на скротум (за дијагноза на акутна торзија- уврденост на тестисот).
Скелетен систем
- сцинтиграфија на коските (за дијагноза на примарен коскен тумор, за дијагноза на коскени метастази, за дијагноза на васкуларни болести, траума и болести на зглобовите),
- сцинтиграфија на коскената срцевина (за диференцијална дијагноза на миелопролиферативните заболувања, како и за одредуваање на капацитетот на хематопоезата – процес на создавање на крвни зрнца во коскената срцевина),
Црн дроб и слезенка
- хепатобилијарна сцинтиграфија (за дијагноза на акутен холецистит – воспаление на жолчката и жолчните патишта, за диференцијална дијагноза ја иктерусот – жолтицата, за откривање на трауми и аномалии на жолчните патишта, за постоперативно испитување),
- сцинтиграфија на крвните садови на црниот дроб (за откривање на хемангиом и други патолошки состојби на крвните садови),
- сцинтиграфија на слезенката (за откривање на тумори, инфаркт, хипоплазија, аномалии, цисти и други патолошки состојби во слезенката).
Централен нервен систем:
- стандардна сцинтиграфија на мозок (за дијагноза на примарни тумори и метастази на мозокот, за дијагноза на инфаркт, апсцес и хематом во мозокот),
- перфузиона сцинтиграфија на мозок (за откривање на цереброваскуларни заболувања, епилепсија, траума, деменција и други патолошки состојби).
Сцинтиграфијата во онкологијата:
- стандардна сцинтиграфија (сцинтиграфија на тумори со рализчни локализации),
- лимфосцинтиграфија (за одредување на проширеноста на ракот во регионалните лимфни јазли).
Припрема за сцинтиграфијата
Поедини испитувања се изведуваат веднаш по вбризгувањето на инекцијата со радиактивен изотоп, додека пак други испитувања се вршат дури по неколку часа од давањето на радиоактивниот изотоп.
Пациентот удобно и мирно лежи под апаратот т.е. гама камерата. Времето на испитувањето варира од неколку минути до неколку часа, што зависи од тоа што се испитува. Важно е да се напомене дека нема никаква разлика ниту зголемување на озрачувањето доколку пациентот лежи неколку минути или неколку часа под гама камерата. Озрачувањето на пациентот зависи од количината на аплицираниот радиоизотоп, од неговата дистрибуција во организмот, како и од времето на задржувањето на радиоизотопот во организмот, како и од количината која ќе се излачи од организмот, а не од должината на лежењето на пациентот „под апаратот“. Како и сите други дијагностички постапки во медицината, при кои постои зрачење, така и сцинтиграфијата треба да се избегнува кај трудниците и мајките кои дојат.
Упатствата за сцинтиграфијата ги дава лекарот кој ја иведува оваа дијагностичка постапка. Тој ќе му објасни на пациентот за видот на испитувањето, за тоа колку ќе треба да се чека по давањето на инекцијата со радиоактивен изотоп, колку ќе трае дијагностичката процедура. Имено, секоја сцинтиграфија е различна. Така на пример, при испитување на срцето, пациентот ќе мора претходно да направи тест на оптеретување на срцето, па дури потоа ќе започне дијагностичката процедура.
Заштита
Поради можното штетно дејство од внесениот радиоактивниот елемент во телото, ова метода е оправдана само која радионуклеидните методи даваат поквалитетни резултати од другите дијагностички методи. При тоа треба да се води сметка за полот, возраста и физиолошката состојба на организмот. Посебно треба да се внимава при изведувањето на сцинтиграфијата кај децата и трудниците, па затоа кај нив радионуклеидните методи имаат строго специфични индикации.
По донесувањето на одлуката за примена на радиоактивни методи, големо внимание се придава на избирот на адиоактивниот елемент. Предност имаат чистите гама емитери, со селективна дистрибуција во организмот и со кратко физиолошко време на полураспаѓање или со брзо излачување од организмот. Тие се внесуваат во организмот со најмала активност, која може да обезбеди сакани дијагностички информации.
По апликацијата на радиактивните амтерии, пациентите се посебно авидентиаат во медицинската документација, со означување на видот на применетиот радиоактивен елемент и со неговата активност.
Сцинтиграфија на штитната жлезда
Многу често, сцинтиграфијата се користи во испитувањето на функцијата и болестите на штитната жлезда. Тироидениот скен и тестот на акумулација на радиоактивен јод, се испитувања со кои се испитува фукцијата и структурата на тироидната жлезда. За двата теста се користи радиоактивен материјал, наречен радиотрасер (јод или технециум), кој се инјектира преку вена или преку уста. Овие супстанци се акумулираат, насобираат во тироидната жлезда, каде емитираат енергија, во вид на гама зраци. Оваа енергија се детектира со гама камера и преку компјутер се анализира количината на радиотрасерот апсорбирана во тириоидната жлезда и врз основа на тоа се добива дигитална слика на тироидната жлезда.
Тироидниот скен се употребува за одредување на големината, обликот и поставеноста на тироидната жлезда. Тестот на акумулација на радиоактивен јод се користи за испитување на функцијата на тироидната жлезда.
Најчесто овие тестови се користат за:
- одредување дали жлездата функционира правилно,
- поставување на дијагноза на болести на тироидната жлезда, како преголема активност на тироидната жлезда, состојба наречена хипертиоидизам, карцином (рак) и други состојби,
- одредување присуство на нодули (јазли) во жлездата,
- откривање на делови во тироидната жлезда кои покажуваат абнормалност, како зони на воспаление и инфекција,
- одредување дали проширеноста на карцином на тироидната жлезда е надвор од жлездата,
- за следење на состојбата по одредена интервенција, како операција, радиотерапија или хемотерапија.
Тироиден скен на целото тело се изведува кај луѓе кои имале тироиден карцином, со цел утврдување на евентуално проширување на ракот во други делови од телото, метастази, кои исто имаат карактеристика на апсорбција на јод (најчесто при скенирањето се користи радиоактивен јод).
Сцинтиграфија на скелет
Сцинтиграмот на коските ги „препознава“ и најмалите промени во сите коски. Таквите промени во коските може да се откријат со сцинтиграфијата многу порано отколку со било која друга дијагностичка метода. Со сцинтиграфскиот преглед на скелетот се откриваат метастазите во целиот скелет. Ова е многу прецизна дијагностичка постапка и со неа може да се откријат и најмали промени.
Овој преглед се изведува со претходно вбризгување на раствор со радиоактивен технициум, кој се аплицира во вена. По 90 минути од аплицирањето се прави сцинтиграфскиот преглед. Радиоактивниот технициум се депонира во метастатските промени во сите коски од скелетот и на тој начин се добива снимка на која се гледаат метастазите како темни зони. Методата е безболна и не дава никакви несакани ефекти.
Сцинтиграфија на бубрег
Диуретичка сцинтиграфија на бубрегот
Оваа дијагностичка постапка се изведува со давање на диуретик (средство за мочање), кога постои сомневање за препрека во бубрежниот канален систем (опструктивна уропатија). Целата дијагностичка процедура трае 30 минути, а во 15 тата минута се аплицира диуретик во вена. Потоа се прават низа снимки и се прати одговорот на каналниот систем на бубрегот на дадениот диуретик. Според тој одговор се проценува и степенот и видот на опстукцијата (зачепеноста) на бубречните канали.
Статичка сцинтиграфија на бубрегот
Оваа дијагностичка процедура служи за прикажување на изгледот и функцијата на бубрегот. При оваа постапка се користи маркер, кој се депонира во кората на бубрегот.
Со статичката сцинтиграфија на бубрегот се проценува: големината, положбата, подвижноста на бубрегот и се гледаат локализираните промени во бубрегот. Така, со оваа метода може да се откријат: бенигните и малигните тумори на бубрегот, полицистичните болести на бубегот, инфарктот на бубрегот, како и одредени конгенитални аномалии на бубрегот: потковичест и ектопичен бубрег.
Оваа дијагностичка метода се покажала како многу сензитивна метода за откривање на лузни во бубрежната кора, кои се јавуваат како последица на акутен и хроничен пиелонефритис, посебно во детската возраст. За снимање најчесто се употребува димеркаптојантарна киселина обележена со технициум (Tc-99m-DMSA), која се аплицира во вена и која се депонира во кората на бубрегот. По 2 до 4 часа од аплицирањето на контрастот, се започнува со снимањето на пациентот, кој лежи на посебен кревет, под апаратот за снимање. Снимањето се изведува во две проекции (положби): од напред и од позади, во подрачјето на бубрегот.
Битна предност на оваа дијагностичка метода над ултразвукот и КТ (компјутерската томографија) е можноста за порценка и на функцијата на бубрегот, а не само проценка на неговиот изглед, бидејќи количината и распореедот на маркерот во бубрежната кора зависи од очуваната функција на тубуларните клетки на бубегот.