Препораки во врска со исхраната за спречување на ракот

Препораки во врска со исхраната за спречување на ракот (Светски фонд за истражување на ракот)

  • Исхраната треба да ја сочинуваат воглавно намирници од растително потекло, пред се овошје и зеленчук и интегрални житарици, минимално преработени,
  • Одржување на нормална телесна тежина,
  • Секојдневни физички активности (најмалку еден час шетање дневно и вежбање еден час неделно),
  • Дневно внесување на овошје и зеленчук од 400 до 800 грама (или 5 и повеќе порции) во текот на целата година,
  • Житарици, мешункасти растенија, корени и листови од растенија треба да се внесуваат од 600 до 800 грама дневно (повеќе од 7 порции) во текот на целата година,
  • Консумирањето на алкохол не се препорачува и треба да се ограничи на помалку од 3 пијалоци дневно за мажите, односно едно за жените,
  • Да се намали консумирањето на црвено месо на помалку од 80 грама дневно. Наместо црвено место да се консумира повеќе риба, пилешко месо или месо од дивеч,
  • Да се намали количеството на масти во исхраната, посебно мастите од животинско потекло,
  • Да се намали внесувањето на солта и солените намирници,
  • Да не се употребува храна која поради продолженото чување на собна температура е подложна на контаминација со габи и бактерии,
  • Да се чува храната во фрижидер,
  • Да се обрни внимание на адитивите, чија неправилнаупотреба може да биде опасна по здравјето,
  • Треба да се избегнува димено, конзервирано месо и месни производи, како и месо и риба печени на скара,
  • Доколку се придржувате на овие наведени препораки, не е потрбно да се употребуваат диететски додатоци во ид на таблети.

Нема ниеден сигурен доказ дека одделни намирници имаат било какво влијание на брзината на растот на веќе постоечкиот тумор. Но, исхраната кај онколошките пациенти е многу важна за текот на болеста, бидејчи таа може да ја подобри општата состојба на болниот, да го зајакне неговиот природен имунитет, како и да го подобри квалитетот на живот.