Придржувајте се кон следните препораки пред да се јавите на гинеколошки преглед и ПАП тестирање

Придржувајте се кон следните препораки пред да се јавите на гинеколошки преглед и ПАП тестирање

Придржувајте се кон следните препораки пред да се јавите на гинеколошки преглед и ПАП тестирање:

  • Воздржете се од сексуален однос два дена пред прегледот и тестирањето.
  • Не практикувајте промивање на вагината со туширања или користење на некои козметички средства и не користете било какви средства во вагината, како на пример лекови, спермицидни гелови, пени или креми два дена пред тестирањето. Сите овие можат да ги осиромашат или комплетно да ги отстранат абнормалните клетки и со тоа ПАП тестот да не даде точни резултати.
  • Не закажувајте гинеколошки преглед и ПАП тетсирање во деновите на менструација. Најдобро време за ПАП тестирање е 10 до 20 дена по првиот ден од последната менструација.