Проширени вени на тестисот?
При допир на десниот тестис, напипувам проширени вени. При преглед кај уролог, ми беше и кажано дека се работи за проширени вени на тестисот.
Ве молам да ми кажете колку е тоа опасно и дали треба да се лекува, а и во што се состои лекувањето, доколку е тоа потребно.
Кај вас се работи за постоење на варикоцела. Варикоцела е проширување на венскиот садовен спрет (плеxус пампиниформис) во скротумот и на внатрешните тестикуларни вени (вена сперматица интерна) кои ја враќаат венската крв од тестисот. Доколку варицелата е во блага форма, таа нема видливи клинички симптими, но е значаен фактор за настанување на неплодност кај мажите.
Венскиот сплет, плеxус пампиниформисго сочинуваат вените на тестикуларниот сноп. Овие вени ја одведуваат венската крв од тестисите, надсеменикот и семеноводотот и ги ствараат сперматичните вени, кои се влеваат во бубрежните вени. Понекогаш овој венски спрет се прошитува, слично како проширените вени на нозете. Ова проширување се означува како варикоцела.
Варикоцелата се јавува најчесто на возраст од 15 и 20 години. Во општата популација, варикоцелата се јавува во 10-20% од случаите, додека кај неплодните мажи, тој процент е многу повисок и изнесува 40%.
Поделба на варикоцелата
Варикоцелите според својата големина се делат на мали, средни и големи.
- Малите варикоцели се приметуваат само при допир или носење на тешки предмети, кога е отежнато враќањето на венската крв, па тогаш варикоцелата се зголемува.
- Средните варикоцели можат да се дијагностицираат со допир на тестисот.
- Големите варикоцели се видливи и се гледаат како проширени вени.
Варикоцелите можат да се јават само на едната страна, било лево или десно, или и на двете страни. Сепак, тие се многу почести на левата страна (90%) отколку на десната, поради неколку анатомски причини:
- Аголот под кој левата вена на тестисот влегува во бубрежната вена.
- Помал број на венски залистоци, кои би го спречиле враќањето на венската крв на спојот на тестикуларната и бубрежната вена.
- Поголем притисок на левата бубрежна вена, заради притисокот од горната мезентеријална аретерија и аортата.
Причини за настанување на варикоцела
Причината за настанувањето на варикоцелата не е позната, бидејќи кај повеќето мажи не се откриени некои пропратни болести, ниту процеси. Според тоа, причината за проширување на овие вени е механички, поради опишаните анатомски карактеристики.
Но, во некои случаи, варикоцелата може да се јави како последица на заболувања на горните мочни патишта, а најчесто при тумор на бубрегот. Во прилог на постоење на тумор на бубрегот, е нагло настанување на варикоцелата, која брзо се развива и зголемува. Пореметената цилкулација доведува до враќање на крвта назад од бубрежната циркулација во тестисите, заради што и доаѓа до проширување на вените, т.е. до нагло настанување на варикоцела.
Симптоми на варикоцелата
Варикоцелата обично не дава никакви симптоми. Често се открива при прегледи за утврдување на причината на неплодност кај мажите. Кога варикоцелата е поизразена, тогаш болните се жалат понекогаш на чувство на тежина или болка во скротумот. При преглед н скротумот, тој наликува на вреќа полна со глисти. На кожата на скротумот може да се јави потење, воспаление на кожата пропратено со црвенило и јадеж.
Варикоцелата ја смалува плодноста , но не кај сите мажи. За младите мажи е важно да ја редовно контролираат варикоцелата, бидејќи доколку таа брзо се зголемува, понекогаш може да доведе и до одумирање (атрофија) на тестисот.
Дијагноза на варикоцелата
За поставување на дијагнозата на варикоцелата најважен е физикалниот преглед од страна на урологот. Дијагнозата најчесто се поставува со пипање на тестисот додека мажот стои. При допир варикоцелата изгледа како вреќа полна со црви, а често се губи кога пациентот ќе легне. Кога варикоцелате е голема, таа се гледа и без пипање на тестисот. Тестисот на страната на варикоцелата е често помал во однос на оној од другата страна.
Откога ќе се постави сомневање за постоење на варикоцела, со физикалниот преглед, од страна на урологот, тогаш за поставување на точната дијагноза се користи ултразвучен преглед, ткн. колор-Допплер ултразвук, со кој може да се види протокот на крвта во снимената регија на телото. Доколку постои сомневање за присутни болести во стомачната шуплина, кои се причини за настанување на ткн. секундарна варикоцела, се препорачува компјутеризирана томографија на абдоменот, со која може јасно да се видат сите органи и ткива во абдоменот.
Иако често точната дефиниција на големината е предмет на расправа, повеќето доктори сметаат дека за постоење на варикоцела може да се зборува кога вените се со дијаметар поголем од 3 mm и повеќе.
Третман на варикоцелтата
Лекувањето на малите и средно големи варикоцели не е потребно кај повеќето мажи.
Ако се присутни полесни болки или чувство на тежина во скротумот, се препорачува носење на потпирувачи (суспендери).
Големите варикоцели се лекуваат со хируршки зафат.
Хируршкото лекување се спроведува во следниве случаи:
- интензивна болка во тестисот,
- пореметена функција на тестисот-смалување на квалитетот спермата,
- смалување (атрофија) на тестисот (волумен помал од 20 ml).
Присуството на варикоцела е причина за неплодност кај мажите. Затоа, кај мажи со абнормалности во квалитетот на спермата, варикоцелата треба хируршки да се лекува, со што е можно и излекувањето на неплодноста.
Хируршката интервенција може да се изведе во локална или општа анестезија. Со овој зафат се подврзуваат вените или поретко се отстранува целата варикоцела.
Варикоцелата може да се лекува и со интервентни радиолошки методи при кои со помош на катетер, кој се внесува во вена, се доаѓа во тестисот и под контрола на ренгенски снимки се емболизираат проширените вени, со користење на различни средства кои се убризгуваат преку катетерот.
Хируршкото отстранување на варикоцелата е лесен оперативен зафат и пациентите веќе по неколку дена можат да ги обавуваат своите секојдневни активности. Туширањето е дозволено по 48 часа од хируршкиот зафат. Потребно е да се избегнуваат спортски активности, најмалку две седмици и најмалку една недела да се нема сексуални односи.
Компликациите од хируршкиот зафат се многу ретки. Нормално е да се јават проблеми како:
- појава на модрици и слаба болка и црвенило околу хируршкиот рез, кои спонтано исчезнуваат,
- чувство на тежина околу и под хируршкиот рез, кое исчезнува обично по 3 седмици.
Се надевам дека детално ви одговорив на вашето прашање.
Поздрав,
Др. Л. Ацева
специјалист радиотерапевт и онколог