Психолошката терапија во третман на болката
Болката нормално предизвикува лутина, тага, безнадежност, страв, депресија, особено хронична болка. Болката може да ја измени личноста, да го поремети спиењето, да ги намали работните способности како и да ги наруши релациите на болниот со неговите најблиски. Но, тоа не мора да се случи. Психолошкиот третман претставува безбеден метод, без употреба на лекови, за третман на болката преку намалување на високото ниво на стрес кој ја следи болката, полесно прифаќање на третманот и поголем ангажман, особено за физикална терапија, како и нормализирањe на другите проблеми кои произлегуваат од болка.
Голем дел од третманот е едукација и најчести психолошки третмани се:
- Разговор: Разговорот со пациентот е основен, прв при пристап кон пациентот, и најчесто содржи советување и подршка од психијатар и психолог.
- Релаксационен тренинг: Пациентите учат како да постигнат психолошка состојба на длабока релаксација, придружена со процесот на лечење и намалување на болката.
- Намалување на стресот: Стресот ја прави болката полоша. Третманот за намалување на стресот им овозможува на пациентите да ја сфатат врската помеѓу стресот и болката и со намалување на стресот да се намали и болката.
- Тренинг за приспособување на болката: Се состои од учење како да се приспособи секојдневниот живот на болката.
Психолошкиот третман се применува во случај на интензивна и хронична болка која не се намалува со медикаментозен и хируршки третман. Пристапот на болка кај овие пациенти е секогаш мултидисциплинарен, т.е. вклучува тим од специјалисти од повеќе области.