Тироиден скен – дијагностичка метода за испитување на штитната жлезда
Тироидениот скен и тестот на акумулација на радиоактивен јод, се испитувања со кои се испитува фукцијата и структурата на тироидната жлезда.
Тироидната жлезда се наоѓа на предниот дел од вратот и нејзина главна функција е регулација на метаболизмот.
За двата теста се користи радиоактивен материјал, наречен радиотрасер (јод или технециум), кој се инјектира преку вена или преку уста. Овие супстанци се акумулираат, насобираат во тироидната жлезда, каде емитираат енергија, во вид на гама зраци. Оваа енергија се детектира со гама камера и преку компјутер се анализира количината на радиотрасер апсорбирана во тириоидната жлезда и врз основа на тоа се добива дигитална слика на тироидната жлезда.
Примена на тироиден скен
Тироидниот скен се употребува за одредување на големината, обликот и поставеноста на тироидната жлезда. Тестот на акумулација на радиоактивен јод се користи за испитување на функцијата на тироидната жлезда.
Најчесто овие тестови се користат за:
- одредување дали жлездата функционира правилно,
- поставување на дијагноза на болести на тироидната жлезда, како преголема активност на тироидната жлезда, состојба наречена хипертиоидизам, карцином (рак) и други состојби,
- одредување присуство на нодули (јазли) во жлездата,
- откривање на делови во тироидната жлезда кои покажуваат абнормалност, како зони на воспаление и инфекција,
- одредување дали проширеноста на карцином на тироидната жлезда е надвор од жлездата,
- за следење на состојбата по одредена интервенција, како операција, радиотерапија или хемотерапија.
Тироиден скен на целото тело се изведува кај луѓе кои имале тироиден карцином, со цел утврдување на евентуално проширување на ракот во други делови од телото, метастази, кои исто имаат карактеристика на апсорбција на јод (најчесто при скенирањето се користи радиоактивен јод).
Подготовка за процедурата
Лекарот треба да биде информиран доколку пациентот има претходни прегледи, операции или тратмани со радиоактивни материјали или рендтген снимања со јоден контраст, во последните пет години.
Неколку денови пред прегледот, може да има потреба од изведување на лабораториски тестови за одредување на ниво на тироидните хормони во крвта.
Изглед на апаратура
Еден од основните делови е сондата која функционира како микрофон кој е способен да ја мери дистрибуцијата на радиотрасерот во тироидната жлезда. Се поставува на предниот дел на вратот, над тироидната жлезда и се држи неколку минути (тест на акумулација на радиоактивен јод).
Гама-камерата е посебна камера која ја слика тироидната жлезда од три различни агли. Целиот изглед на апаратурата е сличен на компјутерска томографија.
Изведба на тироиден скен
Пред изведбата на тироидниот скен, на пациентот му се дава радиотрасер (јод или технециум), кој или се дава преку уста или се инјектира во вена.
На јодниот радиотрасер даден орално му требаат 24 часа за да се акумулира во тироидната жлезда. На радиотрасерот со технециум, даден венски му требаат 30 минути за да се акумулира во тироидната жлезда.
Самиот преглед, тироидниот скен трае околу 30 минути.
Тироидниот скен е безболна процедура.
Резултатите од процедурата ги анализира рентгенолог, кој е специјално обучен за овој тип на испитувања.