Тумори во детска возраст
Малигните тумори во детската возраст се ретки. Тие претставуваат 1% од сите малигни неоплазми кај човекот.
Малигните тумори во детската возраст се разликуваат од оние кај возрасните по тоа што се брзорастечки и агресивни тумори, но подобро реагираат на стандардните терапии, посебно на хемотерапијата.
Малигни тумори во детската возраст се:
- леукемии – 30%,
- мозочни тумори – 18%,
- лимфоми – 14%,
- нефробластом – 9%,
- невробластом – 6%,
- рабдомиосарком – 5%,
- коскени тумори – 5%,
- ретинобластом – 2%,
- карцином на црн дроб – 1%,
- други малигноми – 11%.