Акупресура – Прсти наместо игли

Акупресура – Прсти наместо игли

Можеби ниедна терапија во светот не е толку стара како акупресурата. За неа се вели дека е стара колку и самиот човечки инстинкт. Така, природна реакција е да со раката го допреме местото на кое сме почувствувале болка или непријатно чувство.

Покрај тоа што ја намалува болката, акупресурата помага и за повторно воспоставување на равнотежата на телото, ја отстранува напнатоста и стресот, кој го оневозможува нормалното функционирање на организмот и негативно влијае на имунитетот. Таа му овозможува на телото да се приспособи на промените во околинината во која егзистира, а на тој начин и им пружа отпор на болестите.

Кога мускулот е хронично напнат или во грч, вели Др. Michael Reed Gach, директор на Институтот за акупресура во Berkeley (Kalifornija), мускулните влакна се грчат поради излачувањето на млечната киселина до кое доаѓа поради премореност, стрес, траума, хемиска неравнотежа или лоша циркулација.

На пример, доколку сме под стрес, ќе се јават потешкотии во дишењето. Одредени акупресурни точки ја намалуваат напнатоста во белите дробови и помагаат да се дише подлабоко.

Од друга страна пак, кога се врши притисок на одредена точка, напнатоста на мускултите попушта, овозможувајќи им на влакната да се опуштат, а крвта слободно да протекува. Со тоа се овозможува и подобро елиминирање на отровите од телото. Токму тоа ја зголемува телесната отпорност на организмот према болеста и овозможува подолг, поздрав и психички порелаксиран живот.

Акупресурата ги користи истите точки како и акупунктурата. Основна разлика е во тоа што кај акупунктурата се користат специјални игли, а кај акупресурата се користи притисок со дланката, прстите, па дури во некои техники и притисок со стопалото. Предноста на акупресурата е во тоа што е многу едноставна и може да се изведува било каде и било кога. Акупресурата може да ни помогне кога сме вознемирени, кога сме под стрес и кога сакаме повторно да воспоставиме внатрешен мир и равнотежа.

Ние често влијаеме и несвесно. Така, ние си помагаме дури и тогаш кога ќе ги протриеме дланките една од друга, се додека тие не се загреат. Така настанува поле на магнетен напон кое ги стимулира тековите на животната енергија во телото, па телото и духот ги доведува во состојба на хармонична уравнотеженост. Добро е потоа, како што велат исцелителите, рацете да се тријат во ладна вода околу 5 минути, со што ќе се ослободиме од преостанатата негативна енергија.