Како се пренесува болката до мозокот
Кога рецепторите за болка ќе бидат надразнети од механички, хемиски или топлотни стимулуси тие ја спроведуваат информацијата до рбетниот мозок, до сензорните неврони. Преку рбетниот мозок овие сигнали се isраќаат до таламусот, во кој се случува перцепцијата на болка. Преку таламусот, болката се праќа до кората на мозокот, со што човекот станува комплетно свесен за болката.
Секој човек различно ја доживува болката. Таа е индивидуално чувство. Затоа, од голема важност за проценување и успешно лекување на болката е нејзиното деталното опишување од страна на пациентот. Само тој може да даде точни податоци за својата болка, која е само негово субјективно непријатно и чувство.
Пациентот треба точно да објасни каде е локализирана болката (каде боли), каков е квалитетот на болката (како боли) и кој е интензитетот на болката (колку боли). Од важност се, исто така, и податоците за тоа кога болката започнала, колку време трае, каква е по својот карактер (остра, тапа, во вид на жарење и слично), што ја ублажува, а што ја влошува и, на крај, како таа влијае врз квалитетот на неговиот живот.
Докторот треба да знае дека болката мора безусловно да се ублажи, бидејќи таа го оштетува во прв ред нервниот систем, но исто така ги оштетува и кардиоваскуларниот, респираторниот, гастроинтестиналниот, ендокриниот, имунилошкиот и другите системи во организмот.
Болка е чест проблем, но таа може успешно да се лекува. Во третманот на болката често е вклучен цел тим од специјалисти:онколози, радиотерапевти, хирурзи,психолози, социјални работници, анестезиолози, специјалисти за лекување на болката. Со мултимодуларниот третман се постигнува голем успех во намалувањето или отстранувањето на болката.
- Трпењето на болката не само што е непријатно, туку е и штетно.