Кои типови на лекови се користат за канцерската болка?
Постојат повеќе групи на лекови за лекување на канцерската болка. Кој од овие лекови ќе се примени, ќе зависи од интензитетот на болката.
- За лекување на лесна до умерена болка се применуваат неопиоидни лекови, а тоа се: салицилати, ацетаминофен (парацетамол) и нестероидни антиинфламаторни лекови.
- За смирување на умерена до силна болка се применуваат лесни опиоиди (кодеин, оксикодон, пропоксифен, тилидим) сами, или почесто, во комбинација со нестероидните антиинфламаторни лекови. Тие се применуваат кога неопиоидната аналгетска терапија не дава задоволителен тераписки ефект.
- Трета група на лекови се силните опиоиди, кои се користат за лекување на силна болка, која не може да се смири со претходните групи лекови. Најчесто применуван е морфинот.