Хипоталамус
Хипоталамусот и хипофизата претставуваат анатомска и фyнкционална целина, т.н. „хипоталамусно-хипофизна оска“.
Хипоталамусот е релативно мал, но многу важен дел на централниот нервен систем (ЦНС). Неговата секреторна активност, заедно со онаа на хипофизата, има важна улога во регулирањето на ендокрината и метаболната активност на организмот.
Хипоталамусот анатомски е во близок контакт со важните структури на ЦНС. Преку инфундибулумот и tuber cinereum, хипоталамусот продолжува во хипофизната петелка и неурохипофизата, која е интегрален дел од хипоталамусот. Хипоталамусот е во блиска анатомска врска со аденохипофизата, со крвните садови на базата на мозокот, со венсите синуси на тврдата мозочна обвивка (dura mater) и со коскениот систен на турското седло (sella turcica).
Хипоталамусот е сместен во базата на мозокот, околу третата мозочна комора, а над хипофизната петелка преку која е во врска со хипофизата.
Хипоталамусот и хипофизата ги контролираат повеќето периферни хормонски системи. Во хипоталамусот се сместени повеќе витални центри кои ги контролираат основните животни функции, како што се апетитот, жедта, регулацијата на телесната температура, сонот и будењето, контролата на дневниот ритам, менструалниот цилкус, стресот, физичкото напрегање и расположението.
Според делувањето на хипофизата, кај човекот можат да се разликуваат следниве хормони или фактори кои се излачуват од хипоталамусот:
- Ослободувачки хормони или фактори кои го стимулираат лачењето на одредени хормони на хипофизата:
- Ослободувачки фактор за кортикотропин (CRF) – делува на адренокортикотропниот хормон на хипофизата, кој пак од своја страна, го стимулира излачувањето на хормоните од надбубрежната жлезда, односно го одржува интегритетот на кората на надбубрегот.
- Tиреотропен ослободувачки хормон (TRH) – делува на тиреостимулирачкиот хормон на хипофизата, кој ја стимулира синтезата и лачењето на тироидните хормони (тироксин и тријодтиронин) и го одржува интегритетот на штитната (тироидна) жлезда.
- Ослободувачки фактор за хормонот за раст (GHRF) делува на лачењето на хормонот на раст од аденохипофизата, кој го регулира растот, го зголемува нивото на шеќер во крвта, ја зголемува синтезата на белковините, ја стимулира липолизата (разградувањето на масти).
- Ослободувачки хормон за гонадотропин (GnRH) – делува на фоликулостимулирачкиот и лутеинизирачкиот хормон од хипофизата кои го стимулираат растот на јајните клетки и фоликулите, секрецијата на естрогенот и прогестеронот во втората оловина од менструалниот циклус (FSH) и ја стимулираат овулацијата и развојот на жолтото тело (LH).
- Ослободувачки фактор за пролактин (PRF) – делува на пролактинот кој го поттикнува развојот на ткивото на млечните жлезди во текот на бременоста, го стимулира стварањето на мелкото во периодот на доењето.
- Ослободувачки фактор за меланотропин (MSH-RF) – делува на MSH кој го поттикнува формирњето на меланинот, има антиинфламаторни својства и помага во регулирање на исхраната.
- Инхибитори на синтезата на хипофизните хормони (статини)
- Инхибиторен фактор за хормонот за раст (GHRIF, somatostatin, oktreotid) – делува на хормонот за раст.
- Инхибиторен фактор за пролактин (PRIF) – делува на пролактинот.
- Инхибиторен фактор за мелњанотропин – делува на МSH.
Според тоа, јасно може да се разликуваат два типа на хормонски ослободувачки фактори од хипоталамусот:
- еден тип го сочинуваат неурохормоните кои поединечно делуваат на тропинит (стимулини) на хипофизата,
- другиот тип го сочинуваат хормони кои делуват во пар, така што едниот делува стимулативно, а другиот инхибиторно на лачењето на одреден хормон на хипофизата. такви се паровите: PRF/PRIF, GHRF/GHRIF, MSHRF/инхибиторен фактор за меланотропин.
Функцијата на хипоталамусот е контролирна од различни дразби кои се од: нервна, метаболна, физичка или хормонска природа.