Мака (Lepidium meyenii) – билка како храна и лек
Мака (Lepidium meyenii) е билка која има корен во вид на ротквица и расте на висока надморска височина на падините на Андите во Јужна Америка. Оваа билка содржи уникатен микс од витамини, минерали, есенцијални аминокиселини, масни киселини, фитостероли и протеини, поради што се користи како храна и како лек.
Оваа древна легендарна билка од Јужноамериканкиот регион е позната како афродизијак и тоник за подобрување на целокупното здравје. Таа е популарна ширум светот како моќен биолошки енергетик кој ги подобрува психофизичките способности и ја зголемува плодноста кај мажите и кај жените.
Мака содржи бројни хемиски компоненти во кои спаѓаат: алкалоиди, стероли, танини, сапонини и кардиотонични гликозиди кои ја зголемуваат издржливоста и го засилуваат имунолошкиот систем кој го штити телото од многубројни инфекции и заболувања.
Малку е познато дека маката е побогата со калциум од млекотo, па поради тоа е многу корисна во борбата против остеопорозата.
Калциумот, фосфорот, витамините Б1 и Б12м , како и масните киселни благотворно делуваат на нервниот систем, го подобруваат апетитот и позитивно влијаат на варењето на храната.
Стеролите, калциумот и витаминот Ц кои ги содржи маката помагаат во изградбата на мускулната маса и за зголемуваат физичката издржливост. затоа оваа билка е една од додатоците на исхраната која ја користат врвните спортисти.
Атлетите и спортистите можат да ја користат Мака како енергетик, а лицата кои страдаат од хормонална дефициенција или намалено либидо исто така можат да ја консумираат оваа чудесна билка за да го подобрат сексуалниот живот и перформанси.
Оваа билка има бројни позитивни ефекти врз човековото здравје, и тоа:
- Го зголемува либидото кај машкиот и женскиот пол;
- Ја подобрува еректилната функција и ги намалува симптомите на импотенција кај мажите;
- Ја подобрува сперматогенезата и нивото на тестостеронот во организмот;
- Ја зголемува енергијата, виталноста и го подобрува психо-физичкото здравје.