Параназални синуси
Малигни тумори на параназалните синуси
Малигните тумори со потекло од параназалните синуси се ретки и многу често се асимптоматски сè до доцниот период на болеста.
Инциденцата на овие карциноми во САД изнесува 1 на 100.000 годишно. Годишно во САД се регистрираат околу 1.000 нови случаи и тие претставуваат само 0,5% од вкупниот број нови случаи на малигни заболувања. Средната возраст на јавување е 60 години.
Најчестиот хистолошки тип е планоцелуларниот карцином, но се јавуваат и саркоми, лимфоми, аденокарциноми, карциноми со потекло од малите плунчни жлезди и естезионевробластоми.
Локорегионалната контрола и инциденцата на далечните метастази зависат од големината на примарниот тумор (Т-стадиумот) и од неговата хистологија.
Карциномите на параназалните синуси и носната празнина најчесто почнуваат од клетките на орофаринксот, а поретко од меланоцитите кога се нарекуваат меланоми.
Ако карциномот започне од мускулното и сврзното ткиво, се вика сарком.
Друг тип карцином, кој започнува од овие ткива и се карактеризира со бавен раст, се вика папилом.
Во параназалните синуси и носната празнина може да се јави и гранулом, кој предизвикува пропаѓање на ткивото околу него.
- Градус и стадиуми
- Терапија по стадиуми
- Следење по третман
Градус и стадиуми
Стадиум и градус на туморите
Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност.
Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.
Стадиуми на карцином во максиларниот синус
Стадиум 0
- Во стадиум 0, карциномот се наоѓа само во максиларниот синус. Стадиум 0 е carcinoma in situ.
Стадиум I
- Во стадиум I, карциномот се наоѓа во мукозната мембрана на максиларниот синус.
Стадиум II
- Во стадиум II, карциномот се шири во коската околу максиларниот синус, вклучувајќи го и покривот на носот, но не и коскеното ткиво зад максиларниот синус, врз базата на черепот.
Стадиум III
- Во стадиум III, карциномот се наоѓа на некое од следниве места: задниот коскен ѕид на максиларниот синус, поткожното ткиво, очните дупки, базата на черепот или етмоидалниот синус.
- Карциномот се наоѓа во еден лимфен јазол на истата страна од вратот каде што е карциномот. Големината на лимфниот јазол е 3 cm или помалку и карциномот исто така се наоѓа на некое од следниве места: максиларниот синус, коскеното ткиво околу максиларниот синус, поткожното ткиво, очните дупки, базата на черепот или етмоидалниот синус.
Стадиум IV
- Стадиум IV е поделен на стадиум IVA, IVB и IVC.
Стадиум IVA
- Во стадиум IVA, карциномот се шири во еден од лимфните јазли од истата страна на вратот и лимфниот јазол е поголем од 3 cm, но помал од 6 cm или карциномот се шири на повеќе од 1 лимфен јазол на која било страна од вратот и сите лимфни јазли се 6 cm или помали и карциномот се наоѓа на кое било од следниве места: предна страна на очите, кожата на образите, базата на черепот, зад вилицата, коскеното ткиво помеѓу очите, сфеноидалниот или фронталниот синус.
Стадиум IVB
- Во стадиум IVB карциномот се шири во еден или повеќе лимфни јазли, кои се поголеми од 6 cm или зад очите, во мозокот, базата и средните партии на черепот, нервите на главата, во горните делови на грлото, кои се наоѓаат зад носот и карциномот може да се најде во еден или повеќе лимфни јазли.
Стадиум IVC
- Во стадиум IVC карциномот се шири во другите делови на телото.
Стадиуми на карцином во носната празнина и етмоидалниот синус
Стадиум 0
- Во стадиум 0, карциномот се наоѓа само во носната празнина или етмоидалниот синус. Стадиум 0 е carcinoma in situ.
Стадиум I
- Во стадиум I карциномот се наоѓа само во една ареа (било во носната празнина било во етмоидалниот синус) и може да се шири во коскеното ткиво.
Стадиум II
- Во стадиум II карциномот се наоѓа во две ареи (било во носната празнина било во етмоидалниот синус) и се шири во коскеното ткиво.
Стадиум III
- Во стадиум III карциномот се наоѓа во едно од следниве места: очните дупки, максиларниот синус, покривот на усната празнина или коскеното ткиво помеѓу очите.
Стадиум IV
- Стадиум IV е поделен на стадиум IVA, IVB и IVC.
Стадиум IVA
- Во стадиум IVA, карциномот се шири на еден лимфен јазол од истата страна на вратот и лимфниот јазол е поголем од 3 cm, но помал од 6 cm или карциномот се шири на повеќе од 1 лимфен јазол од која било страна на вратот и сите лимфни јазли се 6 cm или помали или карциномот може да се најде во едно од следниве места: носна празнина или етмоидален синус, очните дупки, максиларниот синус, покривот на усната празнина и коскеното ткиво помеѓу очите или карциномот се наоѓа во еден или повеќе лимфни јазли на вратот и лимфните јазли се 6 cm или помали и карциномот се наоѓа на едно од следниве места: предната страна на очите, кожата на носот или образите, предниот дел на черепот, базата на черепот, сфеноидалниот или фронталниот синус.
Стадиум IVB
- Во стадиум IVB, карциномот се наоѓа на едно од следниве места: зад очите, мозочното ткиво, средните делови на черепот, нервите на главата, горните делови на грлото, кои се наоѓаат зад носот и базата на черепот.
- Карциномот може да се најде и во еден или повеќе лимфни јазли или карциномот се наоѓа во лимфен јазол, кој е поголем од 6 cm.
Стадиум IVC
- Во стадиум IVC, карциномот се шири во другите делови на телото.
Рекурентен карцином
- Рекурентен карцином е оној што повторно се јавува по третманот. Тој може да се јави во параназалните синуси, носната празнина или во други делови на организмот.
Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)
- GX – степенот не може да се процени;
- G1 – добро диференциран тумор;
- G2 – средно добро диференциран тумор;
- G3 – лошо диференциран тумор;
- G4 – недиференциран тумор.
Терапија по стадиуми
Третман
Третманот на карциномот на параназалните синуси и носната празнина зависи од стадиумот на болеста.
Се користат три типа третман:
- Хируршка интервенција;
- Радиотерапија;
- Хемотерапија.
Поради тоа што параназалните синуси и носната празнина учествуваат во говорот и дишењето, потребни се специјални мерки за отстранување на несаканите ефекти од интервенцијата врз карциномот.
Тоа бара мултидисциплинарен пристап и консултација со доктори од различни специјалности, за да се обезбеди најдобар третман. Вежбањето од медицинскиот персонал може да помогне во побрзо закрепнување на пациентот. Пациентот може да има потреба од пластична хирургија, доколку се отстрани голем дел од коскеното ткиво околу параназалните синуси и носната празнина.
Третман по стадиуми на болеста
Третманот на карциномот на параназалните синуси и носната празнина зависи од стадиумот на болеста, возраста на пациентот и општата здравствена состојба.
Врз основа на резултатите од поранешни студии може да се размисли за стандарден третман или да се охрабри пациентот за учество во клиничка студија.
Стадиум I на карцином на параназалните синуси и носната празнина
Третманот зависи од типот на карциномот и од местото каде што се наоѓа.
- Карцином во максиларните синуси треба да се отстрани хируршки.
Радиотерапија може да се спроведе по хируршката интервенција.
- За карцином во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
- Радиотерапија, ако карциномот не може хируршки да се отстрани.
- Хируршка интервенција по која следува радиотерапија.
- За карцином во сфеноидалниот синус, третманот е ист како и за назофарингеален карцином, односно радиотерапија со или без хемотерапија.
- За карцином во носната празнина, третманот е хируршка интервенција, радиотерапија или двете.
- Ако карциномот е папилом, третманот треба да биде хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија.
- Ако карциномот е меланома или сарком, третманот е најчесто хируршки. За некои типови сарком, треба да се спроведе комбинација од хируршки третман, радиотерапија и хемотерапија.
Стадиум II на карцином на параназалните синуси и носната празнина
- Третманот зависи од типот на карциномот и од местото каде што се наоѓа.
- Ако карциномот е во максиларниот синус, третманот треба да биде хируршки. Радиотерапија се дава пред или по хируршката интервенција.
- Ако карциномот е во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
- Надворешно зрачење
- Хируршка интервенција по која следува радиотерапија.
- Ако карциномот е во сфеноидалниот синус, терапијата е иста како кај карциномот на назофаринкс, односно радиотерапија со или без хируршка интервенција.
- Ако карциномот е папилом, терапијата треба да биде хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија.
- Ако карциномот е меланома или сарком, третманот е најчесто хируршки. За некои типови сарком, треба да се спроведе комбинација од хируршки третман, радиотерапија и хемотерапија.
- Ако карциномот е гранулом, третманот треба да биде радиотерапија.
- За карцином во носната празнина, терапијата е хируршка или радијациона.
Стадиум III на карцином на параназалните синуси и носната празнина
Третманот зависи од типот на карциномот и од местото каде што се наоѓа.
- Ако карциномот е во максиларниот синус, третманот треба да биде еден од следниве:
- Хируршка интервенција за отстранување на карциномот. Радијационата терапија се дава пред или по хируршката интервенција;
- Клинички испитувања на специјални видови радиотерапија дадени пред или по хируршката интервенција.
- Ако карциномот е во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
- Хируршка интервенција по која следува радиотерапија;
- Клинички испитувања со давање хемотерапија пред или по радијационата терапија;
- Клинички испитувања со давање хемотерапија по хируршката интервенција или по комбиниран третман.
- Ако карциномот е во сфеноидалниот синус, терапијата е иста како кај карциномот на назофаринксот, односно радиотерапија со или без хируршка интервенција.
- Ако карциномот е во носната празнина, се препорачува еден од следниве третмани:
- Хируршка интервенција;
- Радиотерапија со или без хемотерапија;
- Хируршка интервенција плус радиотерапија;
- Клинички испитувања со давање хемотерапија пред хируршката интервенција или радијационата терапија;
- Клинички испитувања со давање хемотерапија по хируршката интервенција или по комбиниран третман.
- Ако карциномот е папилом, терапијата може да биде хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија.
- Ако карциномот е меланома или сарком, третманот може да биде хируршки.
- Радиотерапија се применува ако карциномот не може да се отстрани хируршки.
- За некои типови сарком, треба да се спроведе комбинација од хируршки третман, радиотерапија и хемотерапија.
- Ако карциномот е гранулом, третманот треба да биде радиотерапија.
- За карцином во носната празнина, треба да се спроведе еден од следните третмани:
- Надворешно зрачење или брахитерапија;
- Хируршка интервенција ако карциномот повторно се јавува по третманот;
- Клинички испитувања со давање хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапија;
- Клинички испитувања со давање хемотерапија по хируршката интервенција или комбиниран третман.
Стадиум IV на карцином на параназалните синуси и носната празнина
Третманот зависи од типот на карциномот и од местото каде што се наоѓа.
- Ако карциномот е во максиларниот синус, третманот треба да биде еден од следниве:
- Радиотерапија;
- Клинички испитувања со давање хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата;
- Клинички испитувања со давање на радиотерапија.
- Ако карциномот е во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
- Хируршка интервенција по која следува радиотерапија;
- Радиотерапија по која следува хируршка интервенција;
- Хемотерапија и радиотерапија давани истовремено;
- Клинички испитувања со давање хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата.
- Ако карциномот е во сфеноидалниот синус, терапијата е иста како кај карцином на назофаринкс:
- Радиотерапија со или без хемотерапија;
- Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата.
- Ако карциномот е во носната празнина, се препорачува еден од следниве третмани:
- Хируршка интервенција;
- Радиотерапија со или без хемотерапија;
- Хируршка интервенција плус радиотерапија;
- Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата;
- Ако карциномот е папилом, третманот може да биде еден од следниве:
- Хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија;
- Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата;
- Ако карциномот е меланома или сарком, третманот може да биде еден од следните:
- Хируршка интервенција;
- Радиотерапија;
- Хемотерапија;
- Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата;
- Ако карциномот е гранулом, третманот може да биде еден од следниве:
- Радиотерапија;
- Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенија или радиотерапијата;
- Ако карциномот е во носната празнина, треба да се спроведе еден од следниве третмани:
- Надворешно зрачење или брахитерапија;
- Хируршка интервенција ако карциномот повторно се јавува по третманот;
- Клинички испитувања со давање на хемотерапија пред хируршката интервенција или радиотерапијата.
Рекурентен карцином на параназалните синуси и носната празнина
- Третманот зависи од типот на карциномот, од местото каде што се наоѓа и од типот на третманот што пациентот го примал претходно.
- Ако карциномот е во максиларниот синус, третманот треба да биде еден од следниве:
- Радиотерапија сама или по екстензивна хируршка интервенција (ако е преземена ограничена хируршка интервенција при примарниот карцином);
- Хируршка интервенција (ако радиотерапијата била применета во лекувањето на примарниот карцином);
- Хемотерапија. Клинички испитувања со тестирање на нови лекови.
- Ако карциномот е во етмоидалниот синус, третманот може да биде:
- Радиотерапија сама или по екстензивна хируршка интервенција (ако е преземена ограничена хируршка интервенција при примарниот карцином);
- Хируршка интервенција (ако радиотерапијата била применета во лекувањето на примарниот карцином);
- Хемотерапија. Клинички испитувања со тестирање на нови лекови.
- Ако карциномот е во сфеноидалниот синус, терапијата може да биде:
- Радиотерапија.
- Хемотерапија се дава ако радиотерапијата нема ефект.
- Ако карциномот е во носната празнина, третманот може да биде еден од следниве:
- Радиотерапија сама или по екстензивна хируршка интервенција (ако е преземена ограничена хируршка интервенција при примарниот карцином);
- Хируршка интервенција (ако радиотерапија била применета во лекувањето на примарниот карцином);
- Хемотерапија. Клинички испитувања со тестирање на нови лекови.
- Ако карциномот е папилом, третманот може да биде хируршка интервенција. Ако карциномот повторно се појави по интервенцијата, треба да се изведе нова хируршка интервенција или радиотерапија;
- Ако карциномот е меланома или сарком, третманот може да биде хируршка интервенција или хемотерапија.
- Ако карциномот е гранулом, третманот може да биде радиотерапија.
- Ако карциномот е во носната празнина, треба да се спроведе еден од следниве третмани:
- Хируршка интервенција (ако радиотерапијата била применета во лекувањето на примарниот карцином);
- Радиотерапија сама или по екстензивна хируршка интервенција (ако во третманот на примарниот карцином била преземена ограничена хируршка интервенција).
Радиотерапија
Дефинитивна РТ
Примарен тумор и опсежна аденопатија:
66 Gy (2 Gy/ден) со телетерапија > 50 Gy + брахитерапија
Врат:
региони со низок ризик ≥ 50 Gy (2 Gy/ден)
Адјувантна РТ
Примарен тумор:
60 Gy (2 Gy/ден)
Врат:
Региони со висок ризик: ≥ 60 Gy (2 Gy/ден)
Следење по третман
- Физикален преглед се изведува еднаш на 1 до 3 месеци во текот на првата година, еднаш на 2 до 4 месеци во текот на втората година, еднаш на 4 до 6 месеци од третата до петтата година и понатаму на 6 до 12 месеци.
- Рендгенграфија на белите дробови се прави доколку е клинички индицирана. КТ или магнетна резонанца на параназалните синуси се изведува доколку постои сомневање за појава на локален рецидив. Доколку е потребно, се прават и ендоскопски испитувања со биопсија. Евалуација на тироидната функција кај пациенти што примале радиотерапија на вратот се препорачува да се врши на секоја прва, втора и петта година.