Редовна физичка активност во превенција на ракот
Лекарите препорачуваат, како превенција на ракот, еден час одење дневно заедно со некоја физичка активност како трчање, пливање и друго.
Многу клинички студии потврдиле дека редовната физичка активност влијае на намалувањето на ризикот за настанување на многу видови на карциноми.
Јапонското истражување, кое опфатило 30 000 жени и кое траело 12 години докажало дека 1 час шетање дневно и лесна физичка вежба најмалку 1 час дневно може да го намали ризикот од рак на дојка дури за 55%.
Секојдневните физички активности, како што се трчање, пливање или еден час вежбање, можат да го намалат ризикот и за рак на дебело црево. Дури и средувањето на домот може да помогне, покажало истражувањето во кое учествувале повеќе од 413 000 испитаници во десет европски земји.
Редовната физичка активност го јакне организмот и ја зголемува неговата отпорност према многу заболувања. Исто така, физичката активност влијае и на расположението и менталното здравје на човекот.